Алонсо возеше одлично на Инди 500, но повторно му откажа моторот на Хонда - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Алонсо возеше одлично на Инди 500, но повторно му откажа моторот на Хонда

Алонсо возеше одлично на Инди 500, но повторно му откажа моторот на Хонда

Малерозната сезона на Фернандо Алонсо од Формула 1 се пренесе и при неговиот настап на Инди 500 трката, откако шпанскиот возач не успеа да го заврши ова натпреварување поради проблеми со моторот. Слично на проблемите што Хонда ги има на Ф-1 трките, повторно слабите перформанси на моторот беа причина за разочарувањето на врвниот возач.

Алонсо делуваше маестрално, па иако ова му беше прво натпреварување на Инди 500 тој возеше беспрекорно, а до моментот на незгодата се наоѓаше на седмото место. Дел од аналитичарите кои во живо ја следеа трката на половина од натпреварувањето го посочуваа токму Шпанецот како еден од фаворитите за победник, но не само што тоа не се случи, туку Алонсо остана без пласман.

alonso honda

Ова ми беше најубавото искуство како возач во кариерата. Во моментов сум разочаран, но можам да ветам дека ќе се вратам, па ќе бидам уште подобар бидејќи ќе бидам побогат за ова искуство. Благодарност до сите фанови, се беше прекрасно“ – порача Алонсо.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.