Алексис самиот ќе доплати за да замине во Манчестер сити - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Алексис самиот ќе доплати за да замине во Манчестер сити

Алексис самиот ќе доплати за да замине во Манчестер сити

Филипе Кутињо успеа да издејствува трансфер во Барселона, а сега по ист пат тргнува и Алексис Санчез, кој е решен да стори се за веќе во јануари да се пресели во редовите на Манчестер сити. Договорените лични услови меѓу Чилеанецот и „граѓаните“ веќе не се никаква тајна, тој може како слободен играч да се пресели во Манчестер на крајот од сезонава,

Сепак, Алексис инсистира трансферот да се случи во текот на зимава, а за остварување на таа цел тој е решен и самиот да ја доплати разликата во сумата што ја бара Арсенал, а што Манчестер сити одбива да ја плати.

„Топчиите“ бараат огромни 35 милиони евра за фудбалерот чиј договор истекува за само шест месеци, „граѓаните“ не планираат да потрошат повеќе од 20 милиони, а во ситуација на „ќорсокак“ во главна улога ќе се најде самиот фудбалер. Како што јавуваат англиските медиуми, Алексис стапил во контакт со раководството на Манчестер сити, убедувајќи ги да ги платат преостанатите 15 милиони, кои потоа би му биле одбиени од бонусот што тој треба да го добие со самиот потпис на договорот со „граѓаните“.

Според овие информации, клубовите би можеле да постигнат договор до крајот на оваа седмица, за Алексис што поскоро му се стави на располагање на Пеп Гвардиола. Уште еден плус за Сити е што Санчез нема учество во ЛШ сезонава, па овој извонреден голгетер ќе може да му помогне на Гвардиола и во атакот на европската круна.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.