Александар Штерјов го засили Куманово - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Александар Штерјов го засили Куманово

Досегашниот центар на гевгелиски Кожув, Александар Штерјов, денеска и официјално го стави потписот на договорот со екипата на Куманово. Со реализацијата на овој трансфер што ЕКИПА го најави уште пред извесно време, кумановци ја продолжија листата на засилувања, кои во овој преоден период стигнаа во екипата.

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Вардар, како и на Кожув, е четвртото ново име во клубот овој преоден период. За потсетување, досега екипата која што идната сезона ќе ја предводи од клупата, Игор Михајловски, ги ангажираше Американците Тајлер Хајнс и Брајан Оливер, Црногорецот Радоје Вујошевиќ и домашниот кошаркар Џанер Осман.

Екипата во следните денови, според нашите информации, ќе се засили со кошаркар кој игра на плејмејкерската позиција, а кој воедно треба да биде и последно засилување за клубот во пресрет на почетокот од новата сезона.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.