
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Аквилани пред потпис со Милан
- '
- Објавено: август 23, 2011 22:00
На Алберто Аквилани ќе му се исполни желбата да се врати во италијанската Калчо-лига откако челниците на Милан постигнаа договор со Ливерпул за висината на трансферот на италијанскиот интернационалец на „Сан сиро“.
Претставници на Милан заедно со агентот на Аквилани, Франко Завалја, беа на преговори во Англија, каде што беше постигнат договор Ливерпул да им го продаде плејмејкерот на „росонерите“. Милан ќе плати 6,5 милиони евра за Аквилани, со можност за доплата од уште 500.000 евра во зависност од тоа дали овој фудбалер ќе освои некој трофеј како член на „црвено-црните“ од Милано.
– Добивме извонреден фудбалер, вистинско засилување. Веќе немаме потреба од ангажман на нови играчи, пазарот е завршен за нас за ова лето – изјави првиот оперативец на Милан, Адријано Галијани.
Алберто Аквилани беше ангажиран како суперзасилување на Ливерпул пред три години од редовите на Рома, за сума од 20 милиони фунти. Сепак, тој во дебитантската сезона одигра многу слабо, за лани да биде позајмен во Јувентус. Челниците на Јувентус решија да не ја активираат клаузулата за целосно откупување на неговиот договор со Ливерпул, со што се отвори простор за актуелниот првак Милан без поголеми проблеми да го договори трансферот на Аквилани на „Сан сиро“.