Академија Пандев со лекција за фудбал за АПИА тајгерс - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Академија Пандев со лекција за фудбал за АПИА тајгерс

Академија Пандев со лекција за фудбал за АПИА тајгерс

Академија Пандев во вториот натпревар од Вијареџо купот ја забележа и својата прва победа, и тоа со убедливи 3-0 во пресметката со австралискиот клуб АПИА тајгерс.

Македонскиот претставник одигра одличен натпревар во кој целосно го диктираше темпото и го контролираше резултатот, делејќи лекции по фудбал на противниците. Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме, во кое најпрвин Миловановиќ го отвори резултатот, а Мишов зголеми на 2-0.

Само по пет минути игра во второто полувреме веќе беше 3-0 за Академија Пандев, со погодокот на Радојчиќ.

Екипата на Академија Пандев во третиот натпревар од групата ќе се сретне со Специја. Само за потсетување, македонскиот тим во првото коло беше убедливо поразен од фаворитот Интер со резултат 0-4.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.