Академија Пандев победник на пионерскиот Куп - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Академија Пандев победник на пионерскиот Куп

Младите фудбалери на ФК Академија Пандев се победници на Купот на Македонија во пионерска конкуренција. Тие во во финалето беа подобри од ФК Кожув (Миравци) со 2-0 и сосема заслужено стигнаа до пехарот наменет за победникот на купот. Дополнителен мотив за нив беше присутвото на нивниот фудбалски идол Горан Пандев, што само дополнително ја зголеми нивната самодоверба.

По 28 минути тимот на Панче Стојанов со головите на Валентин Кочовски (17 минута) и Кире Атанасов (28 минута) обезбеди убава предност од два гола и истата знаеше да ја сочува до крајот на средбата. Во продолжението на натреварот екипата на Кожув се обидуваше да ја анулира високата предност на противникот, но без конкретни шанси и обиди за постигнување на гол. Пехарот на совојувачот на купот му го предаде членот на управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Дејан Димовски.

По триумфот, тренерот на Академија Пандев, Панче Стојанов, изјави:

„Среќни сме за освениот пехар. Постигнавме два гола кога беше најпотребно. Потоа знаевме како да ја задржиме предноста до крајот на средбата. Во ниеден момент не му дозволивме на противникот да се надева дека ќе се врати во средбата. Бевме подобри и наполно заслужено славевме на оваа средба.“

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – КОЖУВ 2-0
Академија Пандев: Попчалев, Секулов, Каламдановски, Јовев, Милионов, Манчев, Курт, Темелков, Радониќ, Кочовски, Атанасов. Резерви: Ѓорѓев, Партиков, Иванов, Тренчев, Петков, Хани, Филиповски.
Кожув (Миравци): Стојанов, Тодоровски, Караколев, Костадинов, Попов, Шавкуловски, Величковски, Колевски, Лазаровски, Зејринов, Јовановски. Резерви: Картов, Чакаров, Петров, Чамџиќ, Петковски, Јованов, Наумоски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.