Агуеро: Сега сакам да помогнам, а на крајот на сезоната ќе решам... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Агуеро: Сега сакам да помогнам, а на крајот на сезоната ќе решам…

Агуеро: Сега сакам да помогнам, а на крајот на сезоната ќе решам…

Во последниот период се засилија шпекулациите дека голгетерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро ќе го напушти „Етихад“ во летниот преоден рок. Тој во последните неколку натпревари се наоѓа на клупата за резерви, а повеќе шанса добива новото засилување Габриел Хесус, кој ги постигна двата гола за Сити при победата од 2-1 над Свонси.

„Моја цел е да му помогнам на тимот да се избори за едно од првите три места на табелата. На крајот на сезоната ќе одлучам каква ќе биде мојата иднина, но засега сум фокусиран на Манчестер сити. Имам договор уште три години и среќен сум тука. Моја желба е да останам во тимот, а челниците ќе решат дали ќе ме задржат или не“ – истакна Агуеро.

Челси најавува офанзива за ангажман на овој проверен голгетер, за чии услуги сериозен интерес искажуваат и Реал Мадрид и Интер. 28-годишниот напаѓач е член на „граѓаните“ од 2011 година и досега настапи на вкупно 234 натпревари, постигнувајќи 154 погодоци во сите конкуренции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.