Аеродромци во небрано, Карпош покажа што знае и умее (фотогалерија) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Аеродромци во небрано, Карпош покажа што знае и умее (фотогалерија)

Аеродромци во небрано, Карпош покажа што знае и умее (фотогалерија)

Карпош соколи не само што нема намера да се предаде во финалната серија, туку и покажа цврста решеност да се бори за титулата во домашното првенство. МЗТ Скопје влезе како голем фаворит во оваа финална серија по двете победи во Супер-лигата, но „соколите“ јасно ставија до знаење дека имаат и квалитет и искуство, па дури и поширок ростер за да ги замрсат сметките на екипата што доминира на македонската кошаркарска сцена во изминатите пет години.

Минималниот пораз во Аеродром не ги фрли на земја, туку напротив, само ги мотивираше за денеска да одиграат фантастично и апсолутно заслужено да го израмнат резултатот на 1-1. Николиќ може да биде горд на своите играчи исто онолку колку што Назор треба да е бесен на „металците“, за трите четвртини одиграни без желба и тимски дух.

Токму Македонците Ѓуроски и Мекиќ беа дел од оние кои внесоа резултатска неизвесност, не само со погодените тројки, туку и со покажаниот карактер да не се предадат до самиот крај, нешто што недостигаше кај далеку подобро платените играчи од кои се очекува да го носат на грб тимот кога нема да му оди, а вечерва ги немаше никаде кога беше најпотребно.

Едно е јасно по овој меч, Карпош соколи со извонредната партија покажа дека овој тим е зрел дури и за двојна круна, додека Назор мора што поскоро да најде решение за нападот на незгодниот противник, или да остане запишан како тренерот под чие водство беше прекината ерата на доминација на МЗТ Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.