Адвокат ги откри адутите за Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Адвокат ги откри адутите за Македонија

Дик Адвокат, селекторот на фудбалската репрезентација на Русија, објави список од 20 фудбалери на кои ќе смета на претстојните
квалификациски мечеви за ЕП 2012, против Македонија и Република Ирска. „Зборнаја“
против нашиот национален тим игра на домашен терен на 2 септември, откако со
минимален резултат 0-1 славеше на гостувањето во Скопје на 12 октомври 2010
година.

Адвокат најави дека очекува сигурна победа над Македонија во
Москва, а за таа цел реши да им верува на следните 20 репрезентативци –
голмани: Игор Акинфеев (ЦСКА М.), Вјачеслав Малафеев (Зенит)  – одбрана: Александер Анјуков (Зенит),
Алексеј Березуцки (ЦСКА М.), Васили Березуцки (ЦСКА М.), Сергеј Игнашевич (ЦСКА
М.), Јури Жирков (Анжи), Роман Шишик (Локомотив М.) – среден ред: Динијар
Билјалетдинов (Евертон), Денис Глушаков (Локомотив М.), Дмитри Торбински
(Локомотив М.), Игор Денисов (Зенит), Роман Широков (Зенит), Контантин
Зиријанов (Зенит), Алан Џагоев (ЦСКА М.), Игор Семшов (Динамо М.) – напад:
Андреј Аршавин (Арсенал), Александер Кержаков (Зенит), Роман Павличенко
(Тотенхем), Павел Погребњак (Штутгарт).        
   

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.