АБА: Сплит се надева на победа над МЗТ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

АБА: Сплит се надева на победа над МЗТ

На „Грипе“ во Сплит од почетокот на оваа сезона во АБА паднаа фаворитите Црвена звезда и Цедевита, па кошаркарите на Сплит се надеваат дека ќе триумфираат и на претстојниот меч со МЗТ Скопје. Ја повикуваат публиката да дојде во голем број, затоа што така се чувствуваат многу посигурни.
 
 
„Дома играме многу полесно, публиката не крева и ни дава сила кога тоа е најпотребно. Би било добро ако ни помогнат и утре против МЗТ“ , вели тренерот на Сплит, Младен Ерјавец.
 
 
Сплиќаните овој триумф над МЗТ веќе си го испланирале пред почетокот на сезоната во АБА.
 
 
„Кога ги правевме плановите за новата сезона, испланиравме победа над МЗТ Скопје на домашен терен. Сега треба тоа и да го реализираме. Но, тоа не е наивна екипа. Го знаеме тоа, затоа што загубивме од нив на пријателски натпревар на турнирот во Сараево. Ако подобро ги анализирате, тие немаат некои екстра поединци, но играат навистина добро како колектив. И сепак, таму има македонски репрезентативци, Стојановски, Чековски, Гечевски, се надополнува и Американецот Дејвис…Мораме да бидеме внимателни и да одиграме најдобро што можеме. МЗТ не е залутана екипа во оваа лига“, истакнува тренерот на КК Сплит.        
 
 
Дуелот меѓу Сплит и МЗТ Скопје ќе се одигра утревечер со почеток во 20.30 часот во салата „Грипе“.    

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.