"58" ќе живее вечно: МотоГП го пензионира бројот на Марко Симончели - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

“58” ќе живее вечно: МотоГП го пензионира бројот на Марко Симончели

“58” ќе живее вечно: МотоГП го пензионира бројот на Марко Симончели

Поминаа пет години откако Марко Симончели трагично го загуби животот, но возачот дефинитивно е во мислите на организаторите на кралската класа на мотоциклизмот како и на сите љубители на овој мото спорт. Челниците на МотоГП одлучија да го повлечат од употреба бројот кој Италијанецот своевремено го носеше на својот мотоцикл.

На тој начин, бројот 58, а и сеќавањето на одличниот возач ќе продолжат да живеат. Ова е петти број кој досега бил повлечен од употреба од МотоГП, а последен пат беше носен од страна на Лорис Капироси, тимскиот колега на Симончели кој му оддаде почит на својата последна трка.

Младиот возач загина во 2011 година при судар со Колин Едвардс и Валентино Роси на патеката Сепанг во Малезија.

 FB_IMG_1473349078761

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.