Грнчаров демантира откажување од репрезентацијата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Грнчаров демантира откажување од репрезентацијата

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Грнчаров за официјалниот веб сајт на ФФМ ја демантираше веста дека размислува да се откаже од настапите во националниот тим.

„Зборовите ми се испревртени. Лошо формулирана реченица од страна на новинарите. Реков дека секогаш сум доаѓал кога репрезентацијата е во прашање, без разлика дали сум играл или сум бил резерва, но никаде не реков дека нема да играм за Македонија“, демантираше фудбалерот на Ботев Пловдив.

Претходно, бугарскиот весник „Меридиан Мач“, објави разговор со Бобан Грнчаров, во кој беше истакнато дека дефанзивецот размислува да се откаже од настапите во репрезентацијата на Македонија за да се посвети целосно на Ботев Пловдив.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.