Со турски судии и косовска шлаканица - кошарката го допре дното во 2017 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Со турски судии и косовска шлаканица – кошарката го допре дното во 2017

Со турски судии и косовска шлаканица – кошарката го допре дното во 2017

Измина уште една година на кошаркарски план во која за жал не можеме да се пофалиме со апсолутно никаков напредок, дванаесет месеци во кои единствен блесок беше оној интернационалниот на Перо Антиќ и неговата европска круна, а во кои во повторно на површина излегоа бројните проблеми со кои се соочува мак-кошарката.

Карпош соколи дојде до својот прв трофеј во историјата, МЗТ освои нова титула, на кошаркарската мапа се појави Блокотехна, но со сериозна опасност од згаснување се соочија Карпош соколи, Кожув, Фени индустри…

1. Судии странци – шлаканица за сите во мак-баскетот

Шокантна беше одлуката на раководните лица на МКФ мајсторката од кошаркарскиот плејоф да ја судат арбитри од Турција. МЗТ Скопје и Карпош соколи бурно реагираа на судиските одлуки на претходните средби, а МКФ излезе со „соломонско решение“, наместо да ги заштити македонските, си донесе странски судии. И тие направија неколку грешки, но кошаркарите на теренот и управите на трибините седеа мирни „како бубачки“.

sudii turci

Тоа е проклетството на Македонецот – секогаш да го цени повеќе туѓото и да молчи пред него, а гласно да говори против своето.

2. Репрезентацијата ни е послаба и од Косово

Ако мислевме дека дното е допрено минатото лето со непласманот на Евробаскет 2017, видовме дека сме се излажале. Новиот претквалификациски циклус го почнавме со пораз во Приштина, а го завршивме како последни во групата, зад Естонија и Косово. Се најдовме во малото друштво на селекции што не се дел од квалификациите за СП 2019, па од најниска можна гранка ги почнавме и претквалификациите за Евробаскет 2021.

3. Клубови на работ на егзистенција

Политичките турбуленции во Македонија оставија силен чекор и врз кошарката, па така неколку клубови се соочија со сериозна опасност да бидат избришани од кошаркарската мапа на нашата земја. Кожув преживеа во „пет до дванаесет“, Карпош соколи игра со младинци, секогаш на гостински терен, и реди убедливи порази само за да избегне згаснување, а во Фени индустри главна вест е што беше земена ЕДНА плата пред Нова година, една плата за цела полусезона.

4. Враќање на женската кошарка

Женската репрезентација повторно беше пријавена во едни квалификации, а селекторот Марјан Лазовски се фати за работа собирајќи го најдоброто што го имаме на едно место. За жал, повредите на Јелена Антиќ и на уште неколку кошаркарки придонесоа да претрпиме два порази на стартот од квалификацискиот циклус, но во секој случај добро е што се „буди“ и овој дел од кошаркарскиот спорт.

kosarka makedonija zeni1

Сепак, за жал откако лани имавме пријавени репрезентации во сите возрасни граници во женка конкуренција, овојпат МКФ се реши да пријави само една младинска селекција за 2018.

5. Правило за двајца домашни играчи на терен

Една од работите за кои на Петар Наумоски мора да му се честита е воведувањето на правилото за двајца домашни играчи на терен. Клубовите гласно протестираа, имаа и неуспешен обид за негова смена токму поради ова правило, но Наумоски успеа да го истера до крај, па сега во секој момент од средбите од Првата лига екипите мора да имаат најмалку по двајца македонски играчи на теренот.

На прв поглед делува смешно да се слави кога сепак има повеќе странци од Македонци на терен, но дефинитивно е прв чекор во ситуација кога до лани многу често гледавме цели петорки на странски играчи. Враќањето на кошарката е долготраен процес, а ова е едно од правилата кои ќе овозможат да престане падот на квалитет на домашните играчи што беше очигледен од година во година. Без играње нема напредок, а ова правило им овозможува на македонските кошаркари да добијат шанса да ги покажат квалитетите – и да напредуваат.

Еве, дојде и 2018 година, таа нека донесе многу повеќе радости и помалку разочарувања од оваа претходната.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.